ПРВИ СНИМКИ ОД ТУРЦИЈА: Експлодирал автобус полн затворски чувари, има сомнеж дека е терористички напад
Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во експлозијата на автобус полн со затворски чувари во Бурса, Турција, која се случила околу 7.30 часот по локално време.
Полицијата не ја исклучува можноста да се работи за терористички напад.
Се сомневаат дека бомбата била поставена на дрво и дека била активирана во моментот кога минувал автобусот.
Во посета на Бурса беше и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Медиумите јавуваат дека во нападот се повредени најмалку четири лица, од кои едно потешко. Тие наведуваат дека е убиен Џенгиз Џигит (36), татко на три деца.
Целата област е опколена од полиција.
Градоначалникот на Бурса е убеден дека станува збор за терористички напад.
Слично
