Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ СНИМКИ ОД КОБНОТО МЕСТО КАДЕ СЕ УРНА КИНЕСКИОТ АВИОН: Се гледа огромен пожар во планинската област, во него имаше 133 патници

ПРВИ СНИМКИ ОД КОБНОТО МЕСТО КАДЕ СЕ УРНА КИНЕСКИОТ АВИОН: Се гледа огромен пожар во планинската област, во него имаше 133 патници

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од падот на авионот Боинг 737 кој денеска се урна во Кина, а во кој имаше 133 патници.

На една од снимките, која ја пренесоа повеќето медиуми, а чија автентичност се уште не е потврдена, се гледа густ чад во шумата во планинскиот предел, на местото каде што се урнал авионот. 


Кинеската телевизија CCTV објави дека авионот имал падналво планинска област каде избувнал пожар. Спасувачките екипи веќе се на пат кон местото на несреќата.


Исто така, на едно од видеата од социјалните мрежи се гледаат наводните делови од авионот кои ги пронашле мештаните по падот.

Патничкиот авион Бониг 737 на China Eastern Airlines се урна денеска во регионот Гуангкси. Авионот на летот MU5735 полетал од аеродромот Кунминг во 13.15 часот по локално време, а требало да слета во Гвангжу.

Засега нема информации за жртвите во оваа голема трагична несреќа.



ФОТО: Твитер принтскрин

Слично

Поврзани вести