Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ СНИМКИ-ИДА КОНЕЧНО УДРИ ВО БРЕГОТ НА ЛУИЗИЈАНА: Ураганот е од 4 категорија, од максимални 5

ПРВИ СНИМКИ-ИДА КОНЕЧНО УДРИ ВО БРЕГОТ НА ЛУИЗИЈАНА: Ураганот е од 4 категорија, од максимални 5

Моќниот ураган Ида удру во брегот на Луизијана. Американскиот национален центар за мониторинг на урагани објави дека ураганот се засилил до категорија 4 (од максимум 5). Ветровите во оваа категорија дуваат со брзина поголема од 240 км / ч. 

Првите снимки од пустошот што го предизвикува Ида на брегот веќе се појавија на социјалните мрежи. Луѓето известуваат дека доаѓа многу силен ветер и дека нивото на морето предизвика поплава во некои делови на Њу Орлеанс, дури и во Алабама.

Некои потсетија дека освен Катрина, дури три урагани се случија во ист ден и месец, но во различни години токму во Луизијана. Катрина 29.08. 2005 година; Густав 29.08.2008 година; Исак 29.08.2012, Харви 29.08.2017. Сепак, сите ја паметат Катрина која го срамни со земја Њу Орлеанс.


Слично

Поврзани вести