(ПРВИ СНИМКИ) Британците ништат територии на ИСИС
Британските авиони почнаа со напади на Исламската држава во Сирија. Ова е нивни втор напад во кој уништија позиции на ИСИС и нафтени полиња.
Борбените авиони од типот Торнадо и Тајфун полетала од воздушната база во Акротирија на Кипар и извеле осум удари на нафтено поле во Омара во Сирија кој е под контрола на ИСИС.
Истовремено бил уништен и камион полн со муниција.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=mXJc1N_KfZk[/embed]Пред да започне со напади против Исламската држава, британски воени функционери и генерали го предупредуваа премиерот Дејвид Камерон околу интервенцијата во Сирија.
Тие ја критикуваа изјавата на Камерон дека зад британските бомбардери, кои веќе на два пати ги нападнаа позициите на џихадистите во Сирија, се наоѓаат „70 илјади умерени сириски борци“ за кои премиерот вели дека се подготвени да се борат против милитантните исламисти и ИД.
Воени експерти изразуваат сомневање дека воопшто постојат сили, кои се подготвени да го направат тоа, па дека затоа не треба да се тврди оти некој е подготвен да војува против ИД и тоа во еден таков обем.
