Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА ЗА СКРИПАЛ И ЈУЛИЈА: Тие се отруени на влезната врата од нивниот дом

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА ЗА СКРИПАЛ И ЈУЛИЈА: Тие се отруени на влезната врата од нивниот дом

Првични резултати за труењето на Скрипал и неговата ќерка. 

Британската полиција  соопшти дека верува дека прв пат со нервниот агенс Скрипал и Јулија дошле во контакт на влезната врата од нивниот дом.

Специјалистите што го истражуваат труењето наведуваат дека идентификувале најголема концентрација на нервниот агенс досега на влезната врата од куќата на Скрипаљ во Солзбери, пренесува Гардијан.

Најновото откритие во истрагата за труењето на Скрипал и неговата ќерка е значајно зашто ова е првпат полицијата да понуди какво било навестување за тоа каде е Скрипал отруен, па истрагата во следните седмици ќе се фокусира на нивната куќа, а не на блискиот парк каде што се пронајдени таткото и ќерката во несвесна состојба.

Повеќе од 130 луѓе можеле да бидат изложени на реакцијата на хемиското оружје по труењето на Скрипаљ и неговата ќерка. 

Институтот за јавно здравје на Велика Британија и понатаму ги испитува последиците од нервниот гас за жителите на овој британски град. 


Слично

Поврзани вести