Економија, финансии, бизнис

Контакт

Први податоци од црната кутија: Рускиот авион не барал помош

Први податоци од црната кутија: Рускиот авион не барал помош

Податоците од „црната кутија” сугерираат дека несреќата за рускиот патнички авион „А321” не е предизвикана од надворешен фактор.

Дешифрираните податоци покажуваат и дека авионот не сигнализирал повик за помош пред ударот на земјата – пренесуваат руски медиуми.

Претходно, авионската компанија Когалимавија во Москва ја исклучи можноста за „технички грешки” кои би можеле да се причината за падот на авионот.

„Авионот не летал, туку паѓал. Екипажот целосно изгубил контрола и поради тоа немало ниту еден обид да стапат во контакт и да известат за ситуацијата со авионот“ – вели Александар Смирнов, директорот на компанијата.

Според него единствена причина можело да биде некое надворешно механичко влијание, но ја исклучува можноста несреќата да била предизвикана од човечки или технички фактор.

Рускиот авион се урна вчера враќајки се од египетското летувалиште Шарм ел Шеик. При несреќата загинаа сите 224 патници и членови на екипажот. По несреќата руските авиокомпании ги избегнуваат летовите над Синајскиот Полуостров.

Слично

Поврзани вести