ПРВИ ПОДАТОЦИ: Што открија „црните кутии“ за малезискиот авион?
Украинската Влада денеска објави дека податоците од „црните кутии“ покажуваат дека малезискиот патнички авион во источна Украина на 17 јули се урнал заради експлозивна загуба на притисокот, откако трупот на леталото го пробиле повеќе шрапнели.
Портпаролот за национална безбедност на Украина Андреј Лисенко изјавил дека во авионот дошло до „масивна експлозивна декомпресија“, откако го погодиле делови од ракета.
„Црните кутии“ на малезискиот авион во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот и натаму се анализираат во Велика Британија.
Американската и украинската војска тврдат дека авионот е соборен, веројатно по грешка, со ракета испукана од територијата под контрола на проруските сепаратистички бунтовници во источна Украина.
Сепаратистите ги отфрлаат овие тврдења, а Русија наведе можност украинската војска да го соборила авионот.
Слично
