ПРВИ КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА НА МОДЕРНА КАЈ МЛАДИТЕ ОД 12 ДО 17 ГОДИНИ: Вакцината е 96 отсто ефикасна против вирусот
Американската
фармацевтска компанија Модерна објави дека нејзината вакцина против корона вирусот
е 96 проценти ефективна кај деца на возраст од 12 до 17 години, според
резултатите од првите клинички испитувања.
Две третини од 3.235 учесници во студијата во САД примиле вакцина, а една третина плацебо.
-Студијата покажала ефикасност на вакцината против Ковид-19 од 96 проценти. Вакцината mRNA-1273 е генерално добро толерирана и досега не е забележано ништо сериозно за да се покренат прашања во врска со безбедноста на вакцината, соопшти компанијата.
Студијата откри 12 случаи на коронавирус 14 дена по првата доза. Резултатите се базираат на субјекти на следење во просек 35 дена по втората доза на вакцина.
Фармацевтската компанија рече дека несаканите ефекти биле „лесни или умерени во однос на сериозност“, најчесто болка на местото на инјектирање. По втората доза, несаканите ефекти вклучуваат „главоболка, замор, болки во мускулите и треска“, слични на оние забележани кај возрасните кои примиле вакцина. До денес, не се утврдени сериозни причини за загриженост во врска со безбедноста на вакцините, се вели во соопштението.
Модерна вели дека во моментов е во „разговори со регулаторите во врска со потенцијалните измени и дополнувања на нејзините регулаторни апликации“ за одобрување на вакцината за оваа возрасна група, односно за младите од 12 до 17 години, а оваа компанија уште во март започна со тестирање на вакцината и за деца на возраст од шест месеци до 11 години. Вакцината во моментов е одобрена само за лица над 18 години.
Вакцинацијата на тинејџери е следниот чекор во кампањата за конечно запирање на епидемијата.
