Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО ДРЕЗДЕН: Германските медиуми јавуваат за мртви

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО ДРЕЗДЕН: Германските медиуми јавуваат за мртви

Германските медиуми јавија дека утринава полицијата евакуирала трговски центар во германскиот град Дрезден, поради дојава дека вооружен маж држи заложници.

Пред трговскиот центар има полициски кордон. Според локалната радио станица Радио Дрезден, напаѓачот е во бегство.

Германскиот весник „Билд“ објави дека вооружениот напаѓач убил најмалку едно лице, но полицијата одби да потврди каква било смрт.

Според Билд, вооружениот маж убил седумдесет годишна жена, односно неговата мајка, а како заложници ги држел сопругата и детето.

Потоа истрчал до радио станицата, пукајќи со пиштолот цело време, и успеал да се сокрие во аптека во трговскиот центар.

Според последните информации на Билд, напаѓачот е совладан од страна на полицијата.


Слично

Поврзани вести