ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЗДУХ: Сцени како по катаклизма во поплавените области во Германија, се бараат преживеани
Бројот на жртвите
од разорните поплави во Западна Германија и Белгија се искачи на најмалку 170.
Стотици луѓе сè уште се водат како исчезнати или не може да се стигне затоа што
областите се отсечени од светот поради високите нивоа на вода.
Спасувачките екипи евакуираа околу 700 луѓе откако пукна брана на реката Рур во областа Хајнсберг, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, на западот на Германија.
Во поплавите во најголемата природна катастрофа во Германија во повеќе од половина век животот го загубија 143 лица, од кои 98 лица во областа Арвејлер јужно од Келн, соопшти полицијата.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека е „запрепастен“ од пустошот предизвикан од поплавите и вети поддршка на семејствата на жртвите, но и на градовите кои претрпеа голема штета.
Опасноста им се заканува и на жителите на Холандија и Швајцарија, каде граѓаните се предупредени дека водостојот на реките и езерата постојано се зголемува.
ФОТО: Танјуг