Првата комбинирана вакцина на Санофи и ГСМ е во последната фаза од испитувањата
Санофи и ГлаксоСмитКлајн (ГСК), двете фармацевтски компании, едната од Франција и другата од Британија денеска објавија дека започнуваат големи испитувања за нивната комбинирана вакцина КОВИД-19.
Клиничкото испитување во фаза III ќе вклучи 35.000 лица на возраст од 18 години и постари од повеќе земји и ќе ја испита ефикасноста на вакцината против оригиналниот вид на вирусот, како и варијантата B.1.351, откриена за прв пат во Јужна Африка, наведува Euronews.
„Неодамнешните научни докази покажуваат дека антителата создадени против варијантата B.1.351 може да обезбедат широка вкрстена заштита од други попреносливи варијанти“, се вели во соопштението на двете компании.
„Охрабрени сме да видиме дека првите вакцинации почнуваат да се случуваат во една важна, клучна студија за Фаза 3, бидејќи веруваме дека нашата единствена технолошка платформа ќе обезбеди клинички релевантна опција за вакцини“, рече Томас Триумф, генерален директор на Санофи Пастер.
