Првата дама на Мексико продава вреден, ама контроверзен имот
Првата дама на Мексико Ангелика Ривера го огласи на продажба својот луксузен приватен имот чија вредност се проценува на четири милиони долари.
Станува збор за луксузна вила, а Ривера ја продава за да ги прекине критиките во јавноста дека имотот не го платила затоа што го изградил изведувач на работите ангажиран од Владата.
Таа сепак тврди дека вилата ја купила од сопствената заработувачка во времето кога заработувала како ѕвезда на „сапунски“ серии.
„Сакам на сите да им биде јасно дека немам што да кријам, работев цел живот и благодарение на тоа сум независна жена“, истакна првата дама.
Таа додава дека во 2010 година пријавила приходи од речиси 10 милиони долари и дека платила данок од речиси три милиони долари. Сепак, Ривера рекла дека сака да ја продаде вилата бидејќи не сака таа да биде изговор за навреди и клевети за нејзиното семејство.
Но, Ривера и натаму одбива да го објасни основниот факт, а тоа е дека куќата ја изгради и таа се уште се води како проект на владината фирма за изведување работи „Групо Хига“.
Слично
