Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата американска книга продадена за рекордни 14 милиони долари

Првата американска книга продадена за рекордни 14 милиони долари
Првата книга отпечатена уште пред формирањето на САД , беше продадена на аукција во Њујорк за речиси 14,2 милиони долари, соопшти аукциската куќа Sotheby's . Така таа стана најскапата книга во светот. Преводот на библиски псалми „The Bay Psalm Book“ беше испечатена од пуритански доселеници во Кембриџ , Масачусетс во 1640 година. Наддавањето почна од 6 милиони долари и заврши само минути подоцна по цена од 14.165.000 долари , соопштија од Sotheby's . Идентитетот на купувачот не беше објавен. Претходниот светски рекорд на аукција за печатена книга беше 11,5 милиони долари за копија на " Птиците на Америка " на Џон Џејмс Одюбон . Таа беше продадена од Sotheby's во декември 2010 година
Слично

Поврзани вести