ПРВА ЖРТВА НА ОМИКРОН ВО БРИТАНИЈА: Џонсон потврди-почина една пациентка, десет се хоспитализирани
Британскиот
премиер Борис Џонсон утринава потврди дека едно лице починало како последица на
заразување со Омикрон сојот.
Веста доаѓа откако беше откриено дека десет пациенти се во болница со мутираната варијанта во англиските болници.
„За жал, да, омикрон предизвикува хоспитализации и за жал е потврдено е дека најмалку еден пациент починал поради компликации од омикрон“, рече Џонсон за време на посетата на клиниката за вакцинација во близина на Педингтон.
- Значи, мислам дека идејата дека ова е некако поблага верзија на вирусот, мислам дека тоа е нешто што треба да го оставиме настрана и да го препознаеме темпото со кое тој се забрзува низ населението. Значи, најдоброто нешто што можеме да направиме е сите да ја примат бустер вакцината – рече тој.
Докажано е дека добивањето три дози вакцина против Ковид е од витално значење за најдобра можна заштита.
Најновите податоци открија дека бустерите нудат до 75% заштита од блага инфекција со омикрон.
Претходно британскиот министер за здравство Саџид Џавид откри дека најмалку 10 Британци биле примени во болница кај кои е потврдена варијантата омикрон.
