ПРВА ЗНАЧАЈНА ПРОМЕНА ВО ВНАТРЕШНИОТ КРУГ НА ТРАМП:Советникот за национална безбедност Мајк Валц се повлекува од должноста
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Валц, и неговиот заменик Алекс Вонг, ќе ги напуштат своите позиции, соопштија во четврток извори запознаени со ова прашање, што е првата значајна промена во внатрешниот круг на Трамп откако ја презеде функцијата во јануари.
Валц, 51-годишен поранешен републикански пратеник од Флорида, беше цел на критики во Белата куќа откако беше вмешан во скандал во март поврзан со групен разговор на апликацијата за пораки Signal меѓу врвните помошници за национална безбедност на Трамп.
Во првиот случај, непознато како Џефри Голдберг, уредник на магазинот The Atlantic кој е инаку жестоко критички настроен против републиканската администрација, бил вклучен во високо доверлив групен разговор со група високи американски функционери посветени на нападите врз јеменските бунтовници. Голбрег подоцна во подолга статија откри дека однапред,преку апликацијата за пораки Signal, добил детален план за нападот извршен од американската војска на 15-ти март против оваа бунтовничка група во Јемен. Според Голдберг, наводно во овој групен разговор учествувале вкупно 18 луѓе, меѓу кои, според него, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот ЏејДи Венс, директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA) Џон Ретклиф и министерот за одбрана Пит Хегсет.
За тој инцидент одговорноста ја презема советникот за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц, велејќи дека зад безбедносниот пропуст поврзан со американските напади во Јемен тој самиот ја презема одговорноста откако новинар бил вклучен во групата на платфомата Signal којашто тој ја оформил. Волц тогаш сугерираше дека е можно да има снимен телефонски број на новинарот за кој мислел дека е на некој друг. Белата куќа тогаш соопшти дека нема протечени никакви доверливи информации кога планот за напад врз Хутистите во Јемен по грешка бил споделен со новинарот.
Сè уште не е познато кој ќе ја преземе функцијата од Валц, но како опција се споменува специјалниот пратеник Стив Виткоф, задолжен за дипломатијата со Русија и Украина и Блискиот исток, изјави друг извор.
Фото: ЕПА
