Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВА ВО СВЕТОТ: Франција забрани употреба на пестициди кои се штетни за пчелите

ПРВА ВО СВЕТОТ: Франција забрани употреба на пестициди кои се штетни за пчелите

Во последните неколку месеци регионот но и светот зборува гласно за угинувањето на пчелите. Пчеларите во земјава, регионов и светот се загрижени за ситуацијата со која се соочуваат. Додека, научниците за овој феномен наречен колапс на колониите на пчели, како виновници за тоа ги посочуваат пестициди, и тоа неоникотиноидните.

Во европската унија е забрането користење на три пестициди и тоа: клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам. Само една челнка на Европското семејство забрани дополнителни два пестициди, тоа е Франција која ги забранува и тиаклоприд и ацетамиприд за употреба во земјоделието, вклучувајќи ги и стаклениците. Неоникотиноидите како пестициди за прв пат се појавуваат во деведесетите години на дваесетитот век. Пестицидите се прскат на растенијата, а пчелите се движат по нив и бидејќи тие по структурата се слични на никотинот го напаѓаат нервниот систем на инсектите.

Според научниците неоникотиноидите исто така се одговорни и за помалиот број сперматозоиди кај пчелите, што значи дека се намалува и стапката на репродукција. Истражувањата покажале и дека многу пчели стануваат зависници и постојано трагаат по уште пестициди.

Пчеларите со огромна загриженост, во редовна консултација и состаноци со земјоделските власти во земјава и регионот изнаоѓаат решение за овој горчлив проблем од светски рамки. Соред нив, без пчели нема да има плодови. Ќе се наруши животниот биоритам и синџирот на исхрана.

Слично

Поврзани вести