Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва ротација на персоналот во Чернобил после три недели

Прва ротација на персоналот во Чернобил после три недели

Украина ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека ја извршила првата ротација на персоналот во Чернобил за три недели.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, рече дека агенцијата ќе испрати мисија таму наскоро по повлекувањето на руските сили кои ја презедоа оваа позиција.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека руските сили ја напуштиле централата на почетокот на април.

МААЕ соопшти дека Украина доставила ажурирани информации за оштетување на аналитичките лаборатории за следење на радијацијата.

Се вели дека просториите се уништени, аналитички инструменти украдени, скршени или на друг начин оневозможени, а системите за следење на радијацијата се оневозможени или оштетени.

„Иако е многу позитивно што украинските власти постепено ја враќаат регулаторната контрола врз Чернобил, јасно е дека останува уште многу да се направи за да се врати местото во нормала“, рече Госи, додавајќи дека ќе ја предводи мисијата на МААЕ во Чернобил штом тоа ќе биде можно во правење на радиолошка проценка.

Фото: EPA/STANISLAV KOZLIUK

Слично

Поврзани вести