ПРВА ПОСЕТА НА ЗМИСКИОТ ОСТРОВ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО - симболот на украинскиот отпор сега е „гробишта на скапа воена опрема“
Малиот остров кој стана симбол на украинскиот отпор на почетокот на руската инвазија сега е напуштена карпа со расфрлани остатоци и урнатини, полна со неексплодирани мини.
Екипата на Си-Ен-Ен е првиот странски тим на новинари што го посети Змискиот остров откако Украина повторно го зазеде во јуни. Репортерот на Си-Ен-Ен разговараше со командантот на операцијата што доведе до ослободување на островот, на северозапад од Црното Море во близина на Одеса и поморската граница на Украина со Романија.
Како што опишува Си-Ен-Ен, Змискиот остров денес е претворен во „гробишта на скапа воена опрема“ и е полн со неексплодирани убојни средства и мини. Нивниот тим видел најмалку четири различни типови нагазни мини, руски ракетни системи Панцир, речиси недопрен систем за воздушна одбрана Тор и остатоци од соборен руски воен хеликоптер.
Снимена е и „надреална глетка“ - десетици мачки кои веројатно се потомци на милениците од Светилникот од некои помирни времиња.
Украина има мало воено присуство на островот како набљудувачка мисија. Еден од членовите на тој одред е у Рус, доброволец на украинските сили кој се вика „Фортуна“. Кога Русија изврши инвазија, тој живееше со семејството во Украина. Тој рече дека Русите „не напаѓаат многу деновиве, барем не во овој агол на Украина“.
- Русите во оваа фаза вршат само воздушни напади. Можеме да ги слушнеме како доаѓаат. Имаме и набљудувачи долж периметарот и добиваме разузнавачки информации. Затоа, обично сме предупредувани за можен напад - рече Фортуна, додавајќи дека повремено гледаат руски воен брод во далечината.
- Мораме да внимаваме 24 часа на ден, седум дена во неделата, така што никогаш не е досадно - истакна тој.
Војниците на островот не можат да комуницираат со своите семејства. Дури и кога има сигнал, вклучувањето на телефонот е покана за напад. Малите чамци што се користат за транспорт на залихи често не можат да патуваат, така што ротацијата може да се продолжи, понекогаш и до една недела.
