Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва мерка на Путин на Крим – ги зголеми пензиите

Прва мерка на Путин на Крим – ги зголеми пензиите
Рускиот претседател Владимир Путин наредил итно да се зголемат пензиите на Крим, како една од првите мерки на руската администрација што се однесуваат на анектираниот полуостров. „Сите руски граѓани би требало да уживаат еднакви услови. На вас е да одлучите како тоа ќе го спроведете. Вие и пратениците во руската Дума мора да решите. Ве молам не одолговлекувајте и направете го тоа што поскоро“, им се обратил Путин на министрите во руската Влада. Меѓутоа, многумина се прашуваат како населението на Крим ќе прима плати и пензии. Најголемата банка на полусотровот ги затвори вратите и ги ограничи исплатите преку банкомати. Потегот го оправдува со потреба за прилагодување кон новите услови за работа по референдумот за отцепување на Крим. Затоа трговците се покажуваат поснаодливи. „Веќе примаме рубљи. Луѓето од вчера плаќаат во рубљи. Еве ги - не се лажни. Луѓето веќе можат да плаќаат во рубљи“, изјавила Олга Цутанова, сопственичка на продавница. Отцепувањето на Крим од Украина и приклучување кон Русија нема да биде сосем едноставно. Проблем може да предизвика зависноста на Крим од украинска струја - 85% од електричната енергија на полуостровот доаѓа од остатокот на Украина. Но и вода за пиење - дури 90% од питката вода на Крим се носи на полуостровот. Аналитичарите на кредитната агенција Standard & Poor's пресметале дека Москва ќе мора да издвојува околу милијарда долари годишно за да го подигне бруто-домашниот производ по глава на жител на Крим до нивото на најсиромашните руски региони. Освен ова, Кремљ најави дека ќе го покрие и кримскиот буџетски дефицит кој изнесува околу 1,5 милијарди долари.  
Слично

Поврзани вести