ПРВА ФОТОГРАФИЈА ПО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАЈКАТА И ЌЕРКАТА: Хамас ослободува заложници, се преговара и за други
На социјалната мрежа
Твитер се појави фотографија од американските заложници Џудит и Натали Раанан
кои беа ослободени од заробеништво. На фотографијата тие се придружувани
од маж облечен во јакна и ги држи за раце. До нив се припадници на израелските
одбранбени сили чии лица се заматени.
First pic of the two American hostages in Israeli territory pic.twitter.com/XDocOCKrF0
— Yosef Yisrael (@yosefyisrael25) October 20, 2023
Извор на Ројтерс тврди дека се разговара за ослободување на други заложници.
„Во тек се дискусии за ослободување на дополнителни заложници од Газа, изјави за новинската агенција Ројтерс извор близок до преговорите. Според изворот, денешното ослободување на американските заложници од Газа било „прв чекор“ и „во тек се дискусии за натамошни ослободувања“.
Во меѓувреме, Хамас соопшти дека работи со „посредници“ на договор за ослободување на заложниците „доколку се достапни безбедносни услови“. Хамас го коментираше и ослободувањето на двајцата заложници. „Како дел од нашата посветеност кон сите посредници, особено нашите браќа во Египет, Катар и другите сестрински и пријателски земји, една жена и нејзината ќерка беа ослободени денеска во Газа, во соработка со братската држава Катар“, рекоа тие.
