ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД НАСТАВАТА НА ФАКУЛТЕТ ВО КАБУЛ: Под режимот на Талибанците и шеријатскиот закон
Откако Талибанците
ја презедоа власта во Авганистан, студентите прв пат вчера се вратија на
настава на факултетите, по што беше објавена и првата фотографија. Како што
наведува Ројтерс, студентите се разделени на машки и женски со паравани што се
протегаат низ средината на предавалната.
Кога Талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година, на девојчињата им беше забрането да одат на училиште, а на повозрасните да учат и да работат.
Сега, откако ја освоија целата земја во блесок поради повлекувањето на западните сили, меѓународната заедница бара од Талибанците да ги почитуваат правата на жените.
Иако Талибанците тврдат дека ги почитуваат правата на жените откако ја презедо власта, нагласувајќи дека мора да го почитува шеријатскиот закон, останува нејасно како тоа ќе изгледа во пракса.
ФОТО: Твитер