Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва европска жртва на ебола

Прва европска жртва на ебола
Шпанскиот мисионер, кој се зарази со вирусот на ебола во Либерија и беше префрлен на лекување во Шпанија, денеска почина во болницата во Мадрид, соопштија здравствените служби. Шпанскиот свештеник Мигел Пахарес минатата недела беше префрлен во Мадрид, во болницата Карлос III, која е специјализирана за тропски болести. 76-годишниот светштеник е еден од тројцата мисионери кои се инфицираа со ебола како припадници на католичка хуманитарна организација, која има биолници низ целиот свет. Од другите двајца, едниот е од Конго, а другиот од Екваторијална Гвинеја. Уште тројца мисионери биле тестирани, но нивните резултати биле негативни. Бројот на починати од најтешката епидемија на ебола досега достигна 1.013 лица, откако за три дена во три западноафрикански држави починаа уште 52 лица, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО). Експерименталниот лек за ебола ќе биде испратен во Либерија
Слично

Поврзани вести