Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва држава во светот каде јавниот превоз станува бесплатен

Прва држава во светот каде јавниот превоз станува бесплатен

Од следното лето возовите, трамваите и автобусите во Луксембург стануваат бесплатни, најави премиерот на оваа земја, Савиер Бетел.

Како што е откриено, целта е да се намали емисијата на штетни гасови и да се ублажат сообраќајните гужби.

Иако Луксембург е многу мала земја, со отприлика 600 000 жители, секој работен ден токму таму од околните Белгија, Германија и Франција, на работа патуваат околу 400 000 луѓе. Освен тоа, од сите членки на Европската унија, токму Луксембург има најмногу автомобили по глава на жител.

Од оваа година веќе е овозможено превозот бесплатно да го користат сите млади од 20 години, а на средношколците им е обезбеден превоз до школо и назад до домот .

Слично

Поврзани вести