ПРВА ДНК ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД: Има три дози и е ефикасна против делта сојот
Индискиот регулатор за лекови ја одобри првата ДНК вакцина во светот против Ковид-19 за итна употреба, објави BBC.
ZyCoV-D е вакцина со три дози и според податоците спречува симптоматска болест кај 66 отсто од вакцинираните, покажала студија која ја цитiра производителот, Кадила Хелдчер.
Фирмата планира да направи до 120 милиони дози на втората индиска вакцина годишно.
Претходните ДНК вакцини делуваа добро кај животните, но не и кај луѓето.
Индија досега дала повеќе од 570 милиони дози од три претходно одобрени вакцини - Ковишилд, Коваксин и Спутник В.
Во Индија околу 13 отсто од возрасните се целосно вакцинирани и 47 отсто добиле барем една доза.
Инаку исто така за првпат, тврди фирмата, вакцина против „Ковид-19“ била тестирана кај млади луѓе во Индија -1.000 луѓе кои припаѓаат на возрасната група од 12-18 години. Се покажало дека е „безбедна и многу добро толерирана“ во оваа возрасна група.
Клучната трета фаза од клиничките испитувања била спроведена на пикот на смртоносниот втор бран на вирусот. Производителот на вакцини верува дека ова ја потврдио „ефикасноста на ударот против мутираните соеви“, особено високо заразната варијанта Делта.
