Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВ СУСПЕКТЕН НА КОВИД ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Градот Каесонг во целосен карантин, Ким свика итен состанок

ПРВ СУСПЕКТЕН НА КОВИД ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Градот Каесонг во целосен карантин, Ким свика итен состанок

Севернокорејските власти го ставија во целосен карантин градот Каесонг, откако лице со симптоми на Ковид-19 најверојатно нелегално ја преминало границата со Јужна Кореја. Доколку се потврди дека е позитивен на корона вирусот, ова ќе биде прв случај во Северна Кореја од почетокот на пандемијата во светот.

Лидерот Ким Јонг Ун вчера свикал итен состанок, по што е одлучено целиот град да биде ставен во карантин, како и нултиот пациент, кој кого по неколку медицински прегледи се уште нема јасни резултати.

Според државната новинска агенција КЦНА, на состанокот, на кои присуствувале претставници на здравствените власти било заклучено дека состојбата во градот Каесонг е ризична и дека може да доведе до смртоносна катастрофа. Превентивната мерка стапила на сила веднаш, со што градот Каесонг е целосно изолиран од секоја гранична област.

Инаку, евентуалниот нулти пациент, пред три години пребегал во Северна Кореја, а сега нелегално влегол во земјата. 


Слично

Поврзани вести