Прв смртен случај во Сиднеј годинава: Делта сојот коси
Австралија ја пријави првата смрт од коронавирусот годинава, случаите на Ковид-19 пораснаа во Кина и продолжија да брануваат во Јужна Кореја. Светот се соочува со нов предизвик. Австралиската држава Нов Јужен Велс се бори со многу заразната варијанта Делта, поставувајќи рекорд во 2021 година од 77 нови случаи на вирусот денеска.
Жена во 90-тите години почина во саботата во Сиднеј, откако имала позитивен тест за Ковид-19. Премиерот на државата, Гледис Береџиклијан, рече дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во Австралија, кој е во тринеделна блокада, се очекува да се зголеми уште во наредните денови.
„Предвидувам дека бројките во Нов Јужен Велс утре ќе бидат поголеми од 100“, рече Береџиклиан. „Ќе се изнендам ако е помалку“.
Во саботата имаше 50 случаи, што беше рекорд за 2021 година.
