ПРВ ПАТ ВОЈНАТА ЈА НАРЕЧЕ ВОЈНА: Путин сака да стави крај, „што порано тоа подобро“
Рускиот
претседател Владимир Путин денеска им изјави на новинарите дека Русија сака да
стави крај на војната во Украина и дека сите вооружени конфликти на крајот
завршуваат со дипломатски преговори.
„Не сакаме да ја ескалираме ситуацијата на линијата на фронтот. Напротив, сакаме да ја завршиме војната во Украина. Тоа беше и ќе остане наша цел. Ќе се обидеме да ставиме крај на тоа, се разбира - што побрзо , толку подобро“, рече Путин.
„Сите вооружени конфликти завршуваат на еден или друг начин со некакви дипломатски преговори. Порано или подоцна, сите страни во конфликтот мора да седнат и да се договорат. Колку побрзо нашите противници го сфатат тоа, толку подобро. Никогаш не сме се откажале од преговори“, додаде тој.
Ова беше прв пат од почетокот на војната, тој „специјалната операција“ да ја нарече војна.
ФОТО: EPA