Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Кока-кола создаде пијалок со кој се изненади и самата себе

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Кока-кола создаде пијалок со кој се изненади и самата себе

Кока-кола во Јапонија го лансирала својот алкохолен пијалок со вкус на лимон, обидувајќи се да го искористи потенцијалот на нови пазари и потрошувачи.

Овој производ има за цел да освои пред се млади кои сакаат да пијат, а посебно жени.

Кока-кола овој потег го нарекла „единствен“ во својата историја долга 125 години, од кога постои, а на пазарот му понудиле три нови пијалоци кои содржат од 3 до 8 отсто алкохол.


Како што сме навикнале, Кока - кола и овој рецепт внимателно го чува, но  пијалокот е прилагоден на пијачките на јапонскиот пазар, и претставува еден вид на алтернативно пиво, поради што токму жените се во фокус како главни потрошувачи.

Најпопуларните вкусови се силни цитруси како што се грејпфрут и лимон, а од оваа компанија соопштиле дека немаат во план новиот пијалок да го пласираат и на пазарот надвор од Јапонија.


Слично

Поврзани вести