ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА - БЛИНКЕН: НАТО ги активираше одбранбените планови за Источниот блок
За прв пат во историјата, НАТО ги активира одбранбените планови за источниот дел на блокот, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Го активиравме одбранбениот план за источниот дел на блокот и тоа се случи за прв пат во историјата. Многу сојузници придонесоа со војници и оружје. Претседателот Џозеф Бајден одлучи да испрати дополнителни 7.000 војници во Европа, додека оние постоечките ќе ги преместиме“, рече Блинкен, кој моментално се наоѓа во Литванија.
Како што истакна тој, блокот ќе ги зголеми и средствата за хуманитарна помош за Украина, заради одбрана на територијата на НАТО.
„Претседателот Бајден зборуваше за тоа и претходно. Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, во секое време и каде било. Напаѓањето на еден е напаѓање на сите“, рече Блинкен.
Фокусот на Алијансата ќе биде сајбер и енергетската безбедност, така што сите врски меѓу Европа и Русија се прекинати без последици за ЕУ.
