ПРВ ПАТ ПО 18 ГОДИНИ НЕМА „ДИРЕКТНА ЛИНИЈА“: Путин го одложи „маратонскиот телефон“ со граѓаните
Рускиот претседател ја одложи познатата „Директна линија“,
неколкучасовен телефонски разговор во живо во кој Путин одговара на прашањата за секојдневните проблеми
на руските граѓани. Не се објаснува зошто годинава е изневерена традицијата, но
и за кога ќе се презакажува овој настан.
Годишниот телефонски маратон на рускиот претседател Владимир Путин, „Директна линија“ нема да се одржи овој јуни за прв пат по речиси две децении.
Ова е првпат програмата, во која обичните граѓани директно му се обраќаат на рускиот лидер за нивните секојдневни проблеми, да се одложи од 2004 година. Во изјавата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека настанот ќе се случи подоцна, иако сè уште не е дефинирано кога тоа би можело да се случи.
Владата минатата недела објави дека Путин би можел да го одржи својот маратонски телефонски разговор за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург меѓу 15 и 18 јуни, но Песков овојпат не го потврди тоа.
Уште еден редовен претседателски настан, обраќањето на Путин во Федералното собрание на Русија, исто така беше одложено во април, а ново обраќање се уште не е прецизирано.
