ПРВ ЛЕК ПРОТИВ КОВИД ОДОБРЕН ВО КИНА: Дејствува директно на Спајк-протеинот
Кинеската агенција за лекови даде „итно одобрение“ за
првиот специјализиран лек против Ковид-19, кој во клиничките испитувања значително го намалува процентот на хоспитализации
и смртните случаи кај пациентите со висок ризик.
Овој потег доаѓа откако регулаторите ширум светот даваат зелено светло за лековите - особено за групите со висок ризик - поради загриженоста од новата варијанта Омикрон, пишува денеска The Sraintstimes.
Во официјалното известување од кинеската Национална администрација за медицински производи се наведува дека се дава „итна одобрение“ за третман на болни од ковид со моноклонални антитела.
Моноклонално антитело е вид на протеин кој се прикачува на шилестиот протеин на корона вирусот, намалувајќи ја неговата способност да навлезе во клетките на телото.
-Третманот вклучува комбинација од два лека, кои се аплицираат преку инјекции, и може да се користи за лекување на одредени случаи кај кои постои ризик болеста да напредува до тешка клиничка слика-се вели во нивното соопштение.
Лекоте развиен од научници од Универзитетот Цингхуа, Клиничката народна болница на Шенжен и Институтот Бри Бионаука.
Податоците од испитувањето покажаа дека комбинираната терапија може да го намали ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти со висок ризик за околу 80 отсто, се вели во соопштението на Универзитетот Цингхуа.
