ПРВ ГИГАНТ КОЈ ДАВА ШАНСА: Германскиот „Mercedes“ почна со обука на бегалците
Германскиот автоконцер Mercedes организираше обука за првите 40 бегалци на кои, после завршениот курс, ќе им биде отворена можноста за пристап на пазарот на работа.
Како што јавуваат германските медиуми, овој програм би требало да опфати повеќе стотици бегалци.
Учесниците на првиот курс, бегалци и азиланти од Авганистан, Еритеја, Замбија, Нигерија и Сирија, на возраст од 20 и 51 година имаат шанса во текот на 14-неделна настава да работат во погоните на „Mercedes“ и да учат германски јазик.
Целиот проект го финансираат германскиот Завод за пазарот на труд и „Mercedes“, пренесуваат медиумите и наведуваат дека обуката на бегалците почнува секој ден во 6 ч наутро.
Првите три и пол часа бегалците имаат практична обука во погоните на „Mercedes“ во Штудгарт, а потоа во мал групи, по десетмина, учат германски јазик.
„Ние прифаќањето на луѓето го гледаме како шанса. Во согласност со тоа, сметаме дека интеграцијата на бегалците мора да успее. Ние даваме свој допринос на таа политичка и социјална задача со оваа обука кај нас, како на луѓето би им го покажале патот за пристап до германскиот пазар на работа“, рекол директорот за лични и работни прашање во „Mercedes“ Вилфрид Порт, пренесуваат медиумите.
