Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прв директен судир на канадските војници и припадниците на ИД

Прв директен судир на канадските војници и припадниците на ИД
Канадските специјални единици размениле оган со борците на Исламската држава во Ирак, што е прв потврден случај во кој директно се судриле западните сили  и екстремистите од оваа организација. Командантот на канадските специјални единици, Мајкл Рул, изјавил дека неговите војници се нашле на удар додека вршеле обука на ирачките сили во близина на линијата на фронтот и дека возвратиле во самоодбрана. Во судирите биле убиени борци на Исламската држава, рекол тој, без притоа да ги прецизира деталите за случајот. Рул рекол дека ова е прв инцидент од ваков тип во кој е пукано врз канадските војници и прв случај во кој тие возвратиле на ударот. Меѓу војниците на Канада немало убиени или повредени, пренесува агенцијата „АФП“.
Слично

Поврзани вести