Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прскалка или свеќа на врвот од шампањско ја предизвикало големата трагедија во Швајцарија

Прскалка или свеќа на врвот од шампањско  ја предизвикало големата трагедија во Швајцарија

Декоративни свеќи или прскалки поставени на врвот од шампањски вина се најверојатен причинител за пожарот во познатиот бар „Ле Констелатион“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана/

Тие биле закачени премногу блиску до плафонот на барот, пренесе денеска швајцарскиот весник „Темп“, повикувајќи се на сведочењата на две Французинки кои биле во објектот.

Тие навеле дека свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот. Како што наведуваат, целиот ентериер бил направен од дрво и пожарот брзо се раширил. Во паника, гостите на барот се обиделе да побегнат низ влезната врата.

- - Излезот беше прилично мал со оглед на бројот на луѓе внатре. Некој скрши прозорец за луѓето да можат да излезат, рекла една од Французинките.

Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, рече дека пиротехниката поставена на шишиња со пијалоци го запалила таванот на барот, што се совпаѓа со сведоштвата на други очевидци. Пожарот се проширил со неверојатна брзина, предизвикувајќи паника кај стотици посетители во подрумот на барот.

Според сведоштвата, пламенот стигнал до таванот за само неколку секунди, по што се случило стампедо кон излезот. Бидејќи главниот дел од барот се наоѓа во подрумот, до кој се стигнува преку скали, евакуацијата била тешка. Официјалната истрага за причината за пожарот сè уште е во тек.


Слично

Поврзани вести