„Прозорот сѐ уште е отворен“: Претседателката на Европската комисија ја предупредува Русија
„Русија во принцип би била отсечена од меѓународните финансиски пазари“, изјави Фон дер Лајен за јавната телевизија АРД.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Москва може да се соочи со санкции доколку ја нападне Украина.
„Русија во принцип би била отсечена од меѓународните финансиски пазари“, изјави Фон дер Лајен за јавната телевизија АРД.
Ќе бидат воведени санкции за „сите стоки што ги произведуваме, а кои на Русија итно и треба да ја модернизира и диверзифицира својата економија, каде што сме глобално доминантни и за кои тие немаат замена“, рече претседателката на ЕК.
„Воведувањето санкции би имало големи последици и мораме да и дадеме шанса на Русија да се врати на дипломатијата и на преговарачката маса. Прозорецот е сѐ уште отворен“, рече таа.
Претседателката на ЕК рече и дека слабоста на Русија е во нејзината зависност од извозот на фосилни горива.
„Тоа прави две третини од нејзиниот извоз, така што половина од рускиот буџет доаѓа од нив. Русија треба да се модернизира и доколку се воведат дополнителни санкции, тоа повеќе не би било можно“, рече Фон дер Лајен.
