Економија, финансии, бизнис

Контакт

Процесот за решавање на курдскиот конфликт приоритет за Турција

Процесот за решавање на курдскиот конфликт приоритет за Турција
Надминувањето на курдскиот конфликт во Турција по мирен пат и понатаму останува главен приоритет за земјата, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  во своето новогодишно обраќање до турскиот народ и истакна дека и понатаму ќе се залага за трпеливост и решителност со цел да се доближат и граѓаните до овој мировен процес. Работата врз мировниот процес беше прекината во последните месеци, откако Курдите во Турција протестираа против одбивањето  на Анкара да им помогне на сириските Курди од опколениот град Кобане во нивната борба против џ ихадистите од групата Исламска држава. Турција на крајот на 2012 година ги почна преговорите со лидерот на   Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан со цел да  заврши  курдскиот конфликт, што од 1984 година до сега однесе неколку десетици илјади животи.
Слично

Поврзани вести