Против тројца се покренати обвиненија за убиството на Немцов
Официјални обвиненија се поднесени против Рамзан Бахаев осомничен за убиството на Борис Немцов, објави извор запознаен со ситуацијата, пренесе „Интерфакс“.
Изворот прецизира дека истражните дејствија биле одржани уште во петокот.
Така да против тројцата (Бахаев, Заур Дадаев и Анзор Губашев) од приведените пет лица се официјално обвинети за убиството. Против Шагид Губашев се очекува да бидат покренати обвиненија денес.
Меѓу уапсените е и Тамерлан Ескерханов. Претходно петмината поднесоа жалба за апсењата.
Заур Дадаев е главниот осомничен за убиството на Борис Немцов на 28 февруари, како главен мотив се посочува навреда на исламот.
Слично
