Протестите во Хонг Конг ќе ги чинат трговците 203,9 милиони евра
Продемократските протести во Хонг Конг ќе ги чинат тамошните трговци загуби од над две милијарди хонгконгшки долари (околу 203,9 милиони евра), проценуваат експертите.
Загубите се големи и со оглед на тоа што демонстрациите се совпаднаа со кинескиот празник „Златна недела“, за кој секоја година најголем број вработени Кинези добиваат слободни денови и по традиција ги обиколуваат туристичките атракции низ земјата. Околу две третини од вкупниот број посетители на Хонг Конг се всушност кинески туристи.
Меѓутоа, заради демонстрациите во Хонг Конг, Кина го прекина издавањето на патнички дозволи за домашните туристи кои сакаат да отпатуваат таму, а кинеската национална туристичка администрација ги извести туристичките агенции до понатамошно известување да ги откажат сите аранжмани за Хонг Конг.
Слично
