Протести во САД, некои се против напади на Иран, а други ја слават смртта на Хамнеи
Демонстрантите излегоа на улиците во градовите низ САД, некои за да ја прослават смртта на иранскиот верски лидер Али Хамнеи, а други за да ги осудат американско-израелските напади врз Иран.
Во Лос Анџелес, луѓето се прегрнаа, танцуваа на музика, возбудени од веста за нападите врз Иран и смртта на ајатолахот Хамнеи, објавува CNN.
Во Њујорк, демонстрантите на Тајмс Сквер на Менхетен побараа крај на американско-израелските напади врз Иран, носејќи транспарент со порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите скандираа „Го отфрливме неговиот фашистички план, нема војна со Иран“, изразувајќи незадоволство од претседателот Трамп.
Голема група демонстранти со знамиња и транспаренти е забележана и во близина на Белата куќа во Вашингтон. Демонстрации се одржаа во Далас под слоганот „Слободен Иран“, при што многу учесници држеа ирански знамиња, објавија американските медиуми. Протести се одржаа и во Денвер, Ричмонд и Њу Орлеанс.
