Протести во Приштина против корупцијата и кражбите во институциите
Околу две илјади граѓани на Приштина и другите населби на Косово денеска протестираа против, како што велат, кражбите и корупцијата во косовските институции, јави Танјуг.
Непосреден повод за протестите беа високите сметки за струја за јануари и февруари годинава како и „неадекватното реагирање“ на институциите на Косово на незадоволството на граѓаните на превисоките сметки.
Протестите ги организираа и поддржаа две политички партии и над дваесет невладини организации.
Демонстрантите ја обвинија косовскат Влада за кражба и корупција извикувајќи „Со крадците нема држава“ и „Долу Влада“. Тие се собраа пред седиштето на КЕК и прошетаа по главните приштински улиици до зградата на Владата, а протестот е завршен мирно.
Слично
