Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТИ ВО МОЛДАВИЈА: На дел од граѓаните не им се допаѓа тоа што Германија дала воена помош

ПРОТЕСТИ ВО МОЛДАВИЈА: На дел од граѓаните не им се допаѓа тоа што Германија дала воена помош

Илјадници луѓе денеска одржаа протест пред германската амбасада во главниот град на Молдавија, Кишињев. Активисти носеа транспаренти со натписи „Кажи не на војната“ и „Молдавија е неутрална земја“, пренесува ТАСС.

Бараат почитување на неутралноста на Молдавија и изразија незадоволство од милитаристичката реторика на раководството на државата. 

„Дојдовме пред германската амбасада со барање да ја почитуваат неутралноста на Молдавија и да ги земат нивните оклопни возила што ни ги донираа“, напиша еден од демонстрантите на својот Фејсбук профил.

Молдавија претходно од Германија доби шест оклопни транспортери од типот Пирана и друга воена помош. Во првата половина од оваа година Молдавија ќе добие вкупно 19 борбени возила, а се очекува и испорака на беспилотни летала, јави ТАСС. Воена помош за Молдавија најавија САД, ЕУ и НАТО, а според податоците на молдавското Министерство за одбрана, таа земја веќе добила оружје.

Полицијата во Молдавија соопшти дека спречила заговор на група поддржана од Русија специјално обучена да предизвикува масовни немири за време на денешниот протест во главниот град Кишињев против новата прозападна влада.

Претходно, проруски граѓани од Молдавија протестираа со пароли дека сакаат да бидат дел од Русија. Молдавија се плашеше од немири или пак дека Русија ќе ги нападне годинава. 

Слично

Поврзани вести