Протести во Лондон, Владата ја тресна вратата пред носот на студентите
Неколку илјади студенти од цела Велика Британија, излегоа на протести низ лондонските улици против поскапувањето на студирањето и на натамошното образование.
Ова е прв голем протест на национално ниво, по масовните демонстрации и уличното насилство во Лондон и низ повеќе британски градови, што се оддржаа пред две години, кога Владата на премиерот Дејвид Камерон, реши да ја зголеми студентската школарина.
Од Националната унија на студентите велат дека не го заборавиле прекршенито ветување на сегашниот состав на пратеници, кои пред да бидат избрани ветуваа дека нема да дозволат зголемување на школарината.
Образованието ги отвора сите врати, но Владата ја тресна вратата пред носот на студентите, велат од Унијата. Во ноември 2010 година, преку 50 илјади студенти од сите краишта на земјата, во повеќе наврати, по неколку денови демонстрираа против владиното решение за поскапување на студенстската школарина за 50 отсто.
Слично
