Протести против посетата на Обама на Њу Делхи
Комунистичките партии во Индија денеска протестираа со палење на кукли со ликот на американскиот претседател Барак Обама, пред утрешната негова посета на Њу Делхи.
„Обама тргни ги рацете од Индија”, извикувале речиси стотина демонстранти за време на протестот.
С.Рагаван, учесник во демонстрациите вели дека посетата на Обама во Индија е насочена кон создавање на воена алијанса со Њу Делхи, иако Вашингтон зборува за проширување на политичките и економските врски.
Водечката Комунистичка партија на Индија и Комунистичката партија на Индија (Марксисти) остро се противат на договорот за нуклеарна трговија меѓу двете земји од 2008 година.
Тие се противат на секаква промена на индиското законодавство кое ги спречува американските компании да го реализираат потпичаниот договор.
Обама утре ќе допатува во тридневна посета на Индија.
Слично
