Протести ќе ја пречекаат средбата на G-20 во Хамбург
До денес, противниците на G-20, антиглобалисти, анархисти и други претставници на левичарските движења, поднеле повеќе од дваесет молби за демонстрации на претстојниот самит во Хамбург на 8 јули. Најголемата група од нив - G20 not welcome here (G20 не е добредојдена тука) ќе се собере на 8 јули и се очекува да биде поддржана од 150 илјади лица. Ова стана јасно од делови од интервјуто на градоначалникот на Хамбург Олаф Шолц за весникот „Tagesspiegel am Sonntag“.
На територијата на градот веќе се организирани привремени центри за задржување на прекршителите на редот. За организацијата им биле потрошени 750 илјади евра. Според полицијата за време на самитот во Хамбург ќе пристигнат околу 8 илјади луѓе што органите на редот и контраразузнавањето сметаат за левичарски радикали.
Ситуацијата со демонстрациите беше збунувачка, бидејќи Хамбург првично им забрани на демонстрантите да поставуваат шатори во градот, но германскиот уставен суд делумно ја укина забраната. Демонстрантите имаат право да постават шатор за политички акции: тоа спаѓа во опсегот на слободата на изразување.
Безбедноста за време на самитот на G-20 е загарантирана, категоричен е градоначалникот. „Ние можеме да ја гарантираме безбедноста. Полицијата е добро подготвена, 20 илјади полицајци ќе го следат почитувањето на редот за време на средбата“, рече градоначалникот. „Нема да дозволиме насилство или демонстрации од непријателски карактер.“
На територијата на градот веќе се организирани привремени центри за задржување на прекршителите на редот. За организацијата биле потрошени 750 илјади евра. Според полицијата за време на самитот во Хамбург ќе пристигнат околу 8 илјади луѓе што органите на редот и контраразузнавање ги сметаат за левичарски радикали.
