Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест во Шпанија – се бара укинување на борбите со бикови

Протест во Шпанија – се бара укинување на борбите со бикови

Илјадници Шпанци поминаа низ улиците на Мадрид за да побараат укинување на коридите.

Многу од демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Коридата е национален срам" или „Да си тореадор, тоа е како да поминеш во училиште за суровост".

Демонстрациите беа организирани по повик на Партијата против малтретирањето на животните, основана пред 13 години, соопштија светските агенции. На изборите во јуни таа успеа да ги добие гласовите на 284 000 гласачи. Партијата се бори за забрана на борбите со бикови и на некои сурови традиции, како што се поставување на огнени топки врз роговите на биковите за време на локални празници.

Слично

Поврзани вести