Протест Украина: Враќањето на Тимошенко не беше нашето барање!
Во Киев повторно протести, околу пет илјади лица се собраа на плоштадот Независност за да го изразат незадоволството за враќањето на Јулија Тимошенко во политиката.
Учесниците во протестот нагласија дека враќањето на Тимошенко, никгаш не било дел од нивните барања.
Тимошенко, која беше ослободена вчера од затвор во Харков, пристигна синоќа во Киев и се обрати на плоштадот. Таа ги објави своите планови да се кандидира на претседателските избори, закажани за 25 мај.
Претседателот на украинскиот Парламент и извршител на должност претседател на Украина Олександар Турчинов разговараше со пратеникот на САД во Киев Џефри Пајет за воспоставување на легитимната власт во земјата.
Пајет ја изрази поддршката на САД за целиот украински народ. - Ние ве поддржуваме, објави тој.
