Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕКОА ТАЈНИ ВОЕНИ ПЛАНОВИ НА САД ЗА УКРАИНА: Русите добија важни информации, Пентагон го бара „виновникот“

ПРОТЕКОА ТАЈНИ ВОЕНИ ПЛАНОВИ НА САД ЗА УКРАИНА: Русите добија важни информации, Пентагон го бара „виновникот“

Оваа недела на социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за Њујорк Тајмс високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи кои се појавија на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија. Аналитичарите велат дека документите се чини дека се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите, американските проценки за украинските жртви се претерани, додека руските се потценети, според аналитичарите со кои разговараше NYT, пренесува Индекс.

Според аналитичарите, модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации насочени од Москва. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силите и други планови, претставуваат значително нарушување на безбедноста од страна на американските разузнавачки служби, пишува весникот.

Претставниците на администрацијата на Бајден работат на отстранување на документите од социјалните мрежи, но доцна во четвртокот вечерта, тие не успеаја целосно. „Свесни сме за извештаите за документите на социјалните мрежи, а Пентагон истражува“, изјави за NYT Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон.

Нема конкретни борбени планови во документите кои наведуваат како, кога и каде Украинците планираат да ја започнат својата офанзива, за која американските власти велат дека е „веројатна“ во текот на следниот месец. Според NYT, документите се стари околу пет недели, така што тие даваат американски и украински поглед на офанзивата која датира од околу 1 март, односно преглед на она што може да им треба на Украинците за офанзивата.

Сепак, според добро обучени руски воени планери, генерали или разузнавачки аналитичари, тие документи би можеле да обезбедат мноштво информации што тие дотогаш ги немале. На пример, во документите е забележана брзината со која Украинците ги трошат ракетите за HIMARS, напредниот американски систем за ракетни фрлачи со повеќе цевки, кој Украинците можат да го користат за напад на цели како што се складишта за муниција, инфраструктура или концентрации на воен персонал од голема далечина.

Пентагон сè уште јавно не објави колку брзо Украинците трошат муниција за HIMRAS, но во документите кои протекоа експлицитно тоа го наведуваат. Аналитичарите утринава рекоа дека е тешко да се процени влијанието на објавените документи врз развојот на ситуацијата на фронтот, и сега и во наредните месеци.

Документи селективно изменети

Нејасно е како документите завршиле на социјалните мрежи. Но, она што е познато е дека про-Кремљ каналите почнаа да ги споделуваат, според воените аналитичари, кои предупредуваат дека документите објавени од руски извори можеби се селективно модифицирани за да се претстават дезинформации поддржани од Кремљ.

„Без разлика дали документите се автентични или не, треба да се биде многу внимателен со се што е објавено од руски извори“, изјави за Њујорк Тајмс Мајкл Кофман, директор на одделот за руски студии во CNA, истражувачки институт во Арлингтон.

На пример, во еден од документите се наведува дека меѓу 16.000 и 17.500 руски војници биле убиени во Украина, додека Украинците претрпеле околу 71.500 воени жртви. И Пентагон и другите аналитичари проценуваат дека руските загуби се значително поголеми - околу 200.000 загинати и ранети, додека украинските загуби се проценуваат на околу 100.000 убиени и ранети, пренесува Индекс.

Без оглед на тоа, аналитичарите велат дека делови од документите изгледаат автентични и би можеле да им дадат на Русите важни информации како што се временската рамка за испорака на оружје, важни информации за украинските сили кои се подготвуваат за контраофанзива и слични воени детали.

ФОТО: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Слично

Поврзани вести