ПРОТЕКОА САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД ЗАПОРОЖЈЕ: Руските сили се на само неколку метри од нуклеарката
На почетокот
на март, руските сили ја окупираа нуклеарната централа во Запорожје. Според снимките од 21 август,
се чини дека Русија го зголемила бројот на војници во централата и поставила
воени возила на 60 метри од реакторот, пишува британското Министерство за
одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine - 25 August 2022
— Ministry of Defence (@DefenceHQ) August 25, 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/3fhM5JyOS6
#StandWithUkraine pic.twitter.com/0eCZDn4CYZ
„Русите веројатно сакале да ги сокријат возилата и имаат намера да ги искористат активностите на украинските сили во близина на нуклеарната централа за пропагандни цели“, соопшти Министерството.
„Се додека Русија ја држи нуклеарната централа под воена контрола, постои ризик од оштетување на уредите за ладење на реакторот и помошните системи за снабдување со енергија или човечка грешка, или проблеми со ефикасната работа на украинскиот персонал кој е под притисок“, додава Министерството.
