Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протекоа фотографии за тоа како изгледа гардистот Џек Тешеира кој оддаде национални информации за САД

Протекоа фотографии за тоа како изгледа гардистот Џек Тешеира кој оддаде национални информации за САД

Градистот од американското воено воздухопловство Џек Тешеира е обвинет за откривање на тајните мејлови од Пентагон и денеска ќе се појави пред судот во Бостон, јави Би-Би-Си.

Џек Тешеира (21) вчера беше уапсен од ФБИ во неговиот дом. Тој беше одведен во шорцеви и маица додека хеликоптери кружеа над куќата.

Според извештаите на медиумите, Тешеира се вели дека е водач на чет групата составена претежно од тинејџери каде што документи со доверливи информации за надворешната политика на САД првпат се појавија пред неколку месеци.

Тој е обвинет за неовластено протекување доверливи информации, што претставува ризик за националната безбедност.

Самиот Тешеира работел како ИТ специјалист во разузнавачката единица. Некои рекоа дека е скептичен кон владата, но неговите пријатели појаснија дека тој не е странски агент. Тој се приклучи на Националната гарда во 2019 година.


Слично

Поврзани вести