Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕЧЕ СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО, Кси Џинпинг го критикува канадскиот премиер – Трудо едвај заминува

ПРОТЕЧЕ СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО, Кси Џинпинг го критикува канадскиот премиер – Трудо едвај заминува

Во јавноста протече разговорот меѓу претседателот на Кина и канадскиот премиер Џастин Трудо, а на него се гледа како кинескиот претседател буквално го понижи својот соговорник.

Студените односи меѓу лидерите на двете земји настанаа затоа што, според кинескиот претседател, канадскиот премиер им пренел на медиумите за што разговарале. Кинескиот претседател воопшто не се израдувал кога дознал, па го донел својот преведувач, дошол кај Трудо, го тргнал настрана и му кажал неколку работи. Канадскиот премиер по разговорот дури и малку се тетерави, велат аналитичарите кои го покриваа разговорот, веројатно од страв.

„Не е соодветно деталите од нашиот разговор да бидат споделени со медиумите. Разговорот не беше воден така“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

Канадскиот премиер во еден момент го прекина. Тој, наводно, им кажал сè на медиумите поради сè поагресивните активности на Кина за мешање.

„Во Канада веруваме во слободен, отворен и искрен дијалог и тоа е она што ќе продолжиме да го имаме. Ќе продолжиме да работиме конструктивно заедно, но ќе има работи за кои нема да се согласиме“, рече Трудо.

Кси потоа продолжи да го критикува канадскиот премиер. Тој рече дека двајцата мора прво да „создадат услови“.

„Треба прво да создадеме услови“, заклучи Кси. На крајот од разговорот, секој отиде на своја страна.


Слично

Поврзани вести